|
1. Доколку планирате да дојдете со поголемо друштво, резервирајте маса.
2. Сите треба да дојдат во договореното време.
3. Пристојно е на оној после Вас да му ја придржите вратата отворена.
4. На жената или девојката помогнете и да го слечи палтото.
5. Прашајте го келнерот која маса е резервирана за Вас.
6. Некогаш беше правило сметката да ја плати машкото. Денес, сметката можи да ја побара и да ја плати женското.
7. Бидете секогаш љубезни спрема келнерот или шанкерот дури и кога не сте задоволни. Секако дека за тоа можите да им кажите, но на љубезен начин.
8. Кога се забавувате, водете сметка да не им сметате на другите гости.
9. Ако
сакате да побарате сметка, доволен е поглед кон келнерот. Немојте да свирите и да дофрлате недолични зборови.
10. Ако сте задоволни од услугата, културно е да оставите бакшиш. Секаде во Светот тоа изнесува 10% од сметката.
|